Милан „гази“ – се искачи на втората позиција

Од:

Фудбалерите на Милан ја забележаа петтата последователна победа, го совладаа Лече со 3:0, и го обезбедија второто место во Серија А.

стрелци за тимот на Стефан Пиоли беа Кристијан Пулишиќ во 6. минута, Оливие Жиру во 20. и недофатливиот Рафаел Леао во 57. минута.

Французинот Јасин Адли денеска имаше двојна асистенција, со првиот и вториот гол.

Лесна, убедлива и уште една авторитативна победа за Росонерите, кои како одминува сезоната делуваат се посигурно, подобро и поквалитетно. Да играше вака цела сезона, Интер немаше долго да седи на врвот на табелата без никој зад себе.

Милан го обезбеди второто место со 68 бодови, 11 повеќе имаат „нероазурите“ и меч помалку како и Јувентус, кој заостанува девет бода зад Милан.