Металург со ПСЖ и Кил, Вардар со Веспрем и Рајн Некар

Од:

Македонските преставници во ракометната Лига на шампиони, Металург и Вардар, ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се натпреваруваат во првата фаза во елитното натпреварување во сезоната 2014/2015.

Ждрепката повоторно го спои Металург со ПСЖ и Кил, додека Вардар ќе има силна конкуренција во Веспрем, Монпелје и Рајн Некар Левен.

Лига на шампиони, сезона 2014/2015:

Група А: Кил, Металург, Загреб, Ла Риоха, ПСЖ, квалификант 1

Група Б: Барселона, Колдинг, Алинггсас, Висла, Фленсбург, квалификант 3

Група Ц: Веспрем, Цеље, Чех. Медведи, Рајн Некар Левен, Вардар, Монпелје

Група Д: Килце, Денкерк, Шафхаузен, Пик Сегед, Алборг, квалификант 2.