Меси вечерва по 700-ти пат ќе игра за Барселона

Од:

Натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, за најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси ќе биде јубилеен, 700-ти во дресот на Каталонците.

Меси досега за Барселона на 699 настапи постигна 612 гола и 235 асистенции, а освои 34 трофеи.

Повеќе натпревари во дресот на Барселона во нејзината историја имал само Чави, кој е рекордер со 767.

Сезонава во ЛШ, Меси постигна само еден гол, во кариерата ги има вкупно 113, но ниту еден против Борусија против која на првиот натпревар во Дортмунд играше само 31 минута.