Мекејлеб оди во НБА кај Перо Антиќ?

Од:

Американецот со македонски пасош и наш репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, по две сезони како играч на турскиот гигант Фенербахче, најверојатно од следната сезона ќе ја смени играчката средина.

Интерес за услугите на овој извонреден плејмејкер искажале неколку екипи од НБА, а една од нив е и Атланта Хоукс, каде веќе настапува еден македонски репрезентативец, Перо Антиќ.

Мекејлеб во двегодишниот престој во екипата на Фенербахче го круниса со титули во Турскиот Куп, турското првенство, како и Суперкупот на оваа држава.