Марко Ројс следните 5 години во Реал

Од:

Европскиот првак Реал Мадрид и германскиот репрезентативец од Борусија Дортмунд, Марко Ројс постигнале согласност за трансфер на овој фудбалер на „Сантијаго Бернабеу“.

Според шпанските медиуми Ројс почнувајќи од лето пет години ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“, а Борусија Дортмунд треба да добие оштета во висина од 25 милиони евра.

25-годишниот играч ќе заработува исто колку и сонародникот Тони Крос, како и Карим Бензема, кои заработуваат по седум милиони евра годишно, односно двојно повеќе од годишната плата во Борусија.

Интерес за Ројс покажуваа и Челзи и Баерн Минхен.