Мареска ги негира гласините дека ќе седне во фотелјата на Гвардиола во Сити

Од:

Главниот тренер на Челси, Енцо Мареска, ги отфрли шпекулациите што го поврзуваат со евентуалното наследување на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити, нагласувајќи дека тоа се само муабети.

Мареска претходно работеше во Манчестер Сити како помошник тренер, а на клупата на Челси пристигна во 2024 година. Веќе во првата сезона постигна извонредни резултати, освојувајќи го трофејот во Конференциската лига, а потоа и титулата светски клупски шампион во јули, откако го доби финалето против победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен.

Порталот „Атлетик“ го означи 45-годишниот италијански тренер како главен кандидат да го наследи Гвардиола, во моментот кога Шпанецот ќе одлучи да го напушти „Етихад“.

„Воопшто не ме засега бидејќи знам дека се работи за 100% шпекулации. Во моментов тоа не е тема, пред сè затоа што имам договор со Челзи до 2029 година“, рече Мареска на прес-конференцијата пред гостувањето кај Њукасл Јунајтед во Премиерлигата.

„Веќе го кажав тоа неколку пати – целосно сум фокусиран на овој клуб и сум исклучително горд што сум тука. Пред седум дена во Италија бев поврзан со Јувентус. Не обрнувам внимание на вакви приказни бидејќи знам дека не се вистинити. Не е моја работа да размислувам зошто се појавуваат такви вести“, додаде Мареска, истакнувајќи дека сè уште има многу работа и амбиции пред себе во Челси.

Би можело да ве интересира

Гвардиола: Светот ја остави Палестина сама, им дозволивме да уништат цела нација

А1он

Манчестер Сити го декласира Манчестер Јунајтед

Предраг Петровиќ

Донарума: Дојдов да напишам историја со Сити

А1он

Донарума ново засилување на Манчестер Сити

Гвардиола: Светското клупско првенство нè уништи

А1он

Мареска: Среќен сум за победата, но ова не е фудбал