Марадона не мораше да умре – неговиот лекар ја одби анализата која можеше да му го спаси животот

Од:

Судењето на обвинетите за смртта на Диего Марадона постојано носи нови информации во јавноста.

Последните информации велат дека лекарот на Марадона, Леополд Лук, одби анализа која може да ја открие опасноста.

Кардиологот Оскар Франко, кој го прегледал Аргентинецот два месеци пред неговата смрт, пред судот изјави дека Лук одбил предлог да направи важна кардијална анализа.

– Сакав да направам тест за перфузија на миокардот за да ја видам состојбата на неговото срце, но Лук не сакаше – изјави Франко.

Оскар Франко е кардиолог во санаториумот Ипенса каде Марадона беше во септември 2020 година.

Тоа е рутински тест препорачан за луѓе со хипертензија, аритмии или симптоми на срцева слабост и се користи за откривање на коронарна артериска болест.

Франко истакна дека тестот можел да открие потенцијален ризик и да спречи фатален исход.

– Тестот не беше инвазивен, и покрај тврдењата дека Марадона „не поднесува да остане во болница“, ми се чинеше дека е многу приемчив и кооперативен пациент. Марадона дојде во санаториум со проблеми со коленото, Лук побара ендоскопија, процедура за која се потребни претходни кардиолошки тестови. Првите наоди не покажаа никакви проблеми, но Франко, знаејќи ја историјата на срцето на Марадона, сакаше дополнителни тестови, но тие не беа направени – стои во соопштението.

Во текот на претходните фази на истрагата, еден од експертите кој беше дел од тимот за обдукција презентираше зачудувачки податоци – срцето на Марадона беше погодено од дилатациона кардиомиопатија и тежеше речиси двојно повеќе од просечното срце.

Кога почина на 25 ноември 2020 година, неговото тело покажа знаци на продолжена агонија, која се проценува дека траела до 12 часа.

Би можело да ве интересира

Јувентус, Интер и Сампдорија не го сакаа Марадона пред тој да дојде во Наполи

А1он

(ВИДЕО) „Вака умре Марадона“ – обвинителот покажа фотографија како изгледа асот пред смртта

А1он

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он

ВИДЕО: „Диего беше убиен“ – илјадници Аргентинци бараат одговори за смртта на фудбалската икона

Жарко Настоски

Судот забрани да се кремира телото на Марадона, ќе биде потребен примерок од ДНК кога ќе се дели наследството

Жарко Настоски