Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) со жрепка синоќа во италијанскиот град Бари го одреди составот на групите за Европското првенство кое идната година заедно ќе го организираат Бугарија, Италија, Финска и Романија. Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел
Македонските одбојкари ќе играат во групата Б во Варна во која за противници ќе ги имаат кодомаќинот и светски вицешампион Бугарија, европскиот првак Полска, како и селекциите на Украина, Португалија и Израел.
За македонските одбојкари ова ќе биде четврти настап во низа на континенталниот турнир.
Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември идната година.
„Македонија на ова Европско првенство влегува без еуфорија и големи очекувања како што беше во 2023 кога бевме организатори, но имавме среќа и во ждрепката, и во групата имавме две репрезентации кои беа со послаб ранкинг од нас. На ова ЕП Македонија влегува како најслабо рангирана селекција и верувам дека сите противници во групата на нас гледаат како на тотален аутсајдер. Добивме тешка група со два изразени фаворита – Бугарија и Полска. Украина, особено Португалија, која играше во осминафиналето на СП и ја елиминираше Куба и Израел се противници со кои ќе водиме голема битка и никој не може да ни забрани да сонуваме за осминафинале. Само да сме живи, здрави и спротени.
На ЕвроВолеј 2026 ќе влеземе со една поинаква ‘математика’ – да си ја играме нашата игра и да си ја гледаме нашата работа и да сонуваме. Искусни сме, веќе имаме три ЕП зад нас и знаеме како е и да се победува и да се губи. На претходното ЕП игравме и осминафинале и од тоа имаме искуство. Напоменав дека групата е тешка, но имаме шанси за нешто историско. Без еуфорија, со многу работа и посветеност и да бидеме најдобри кога ќе биде најпотребно. Потешко можеше, а можеше да биде и полесно, но самото тоа што сме на уште едно ЕП носи големо задоволство“, вели капитенот Никола Ѓоргиев.