Македонските фудбалери против Лихтенштајн со темни дресови во знак на почит за жртвите во Кочани

Од:

Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуз во рамки на мундијалските квалификации.

На трибините на стадионот „Рајн Парк“ се очекува над 1.000 навивачи да ја бодрат македонската репрезентација до кои преку социјалните мрежи се апелира да бидат облечени во црно и со себе од навивачки реквизити да понесат само знамиња и шалови.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани изминатиот викенд загинаа 59 лица, а 196 се повредени.

Со натпреварот, кој е закажан со почеток во 15 часот, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги стартуваат квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Во пресрет на дуелот, селекторот Милевски запрашан за трагедијата во Кочани, каде загинаа 59 лица рече:

„Тешко ми е да зборувам за тоа што се случи. Сакам да изразам сочувство до семејствата на настраданите. Би замолил да се фокусираме на фудбалот, бидејќи ми е тешко да зборувам за нешто друго“, изјави селекторот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Преку Кардиф до Мундијалот: Македонските фудбалери во Велс по историја

Катерина Ѓуровски

Барди: Да бидеме релаксирани и да уживаме на теренот – зад нас е цела една нација која ќе ни даде поддршка

А1он

Македонија подготвена за дуел со Казахстан – Милевски и Димитриевски веруваат во победа

Катерина Ѓуровски

Милевски: Освоивме голем бод против фаворитот Белгија

А1он

ВИДЕО: Македонија повторно е лидер во квалификациите за СП по убедливиот триумф над Лихтенштајн

Македонија со скок од пет места на најновата ранг-листа на ФИФА

А1он