Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 17 години) попладнево ќе го игра натпреварот за третото место на ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје. Противник на нашата селекција ќе биде Бугарија откако двете репрезентации ги освоија вторите места во групите од првата фаза.
Во решавачкиот дуел од А групата синоќа Полска ја победи Македонија со 31:14, а Словенија беше подобра од Бугарија со 36:23.
Натпреварот Македонија – Бугарија се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 17:30 часот, додека финалето на овој шампионат меѓу Словенија и Полска почнува во 19:45 часот. Претходно се играат натпреварите: Фарски Острови – Косово и Швајцарија – Исланд.