Лотар Матеус е еден од најдобрите германски фудбалери. Tој ја освои светската титула со репрезентацијата, ја има освоено „Златната топка“, а во март го прослави својот 65-ти роденден.
Токму затоа, посебно внимание привлече неговото појавување на Октоберфест во Минхен во друштво на неговата нова девојка, Тереза Зомер. Зошто ова стана тема во јавноста? Бидејќи таа има само 27 години.
🚨 𝗡𝗘𝗪: Germany legend Lothar Matthäus, 65, was spotted partying at Oktoberfest with his 27-year-old girlfriend Theresa Sommer.
Sommer is 38 years younger than Matthäus and is even younger than BOTH of his daughters.
Matthäus has already been married FIVE times, but insists he has no plans to marry for a sixth time.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) September 22, 2026
Значи, разликата во годините изнесува дури 38 години. Звучи неверојатно, но е вистина.
Двајцата првпат беа забележани заедно на скијање во Австрија, а потоа и снимени од телевизиските камери. Лотар кратко прокоментира дека „дошле на скијање, а сè друго е приватна работа“.
Потоа, тие беа видени заедно во повеќе наврати, на разни фудбалски натпревари, особено во Минхен. А кога минатата година се појавија заедно на доделувањето на наградата „Златна топка“, стана јасно дека се во врска.
Тереза се занимава со манекенство, а студира и психологија. Сака скијање, а како мала се занимавала и со џудо. Студиите по економија и менаџмент ги завршила во Велика Британија, по што студирала психологија.
Покрај успешната фудбалска кариера, Лотар Матеус е познат и по тоа што се разведуваше петпати. Има четири деца со пет различни сопруги.
Единствено со Србинката Маријана Матеус и Украинката Кристина Лилијана Чудинова нема деца.
Неговиот прв брак беше со Силвија Матеус (од 1981 до 1992 година) и од тој брак ги има ќерките Алиса и Виола. Со Лолита Морено се венчал во 1994 година, а се развеле по пет години. Таа била швајцарска манекенка и ТВ-водителка и од тој брак го имаат синот Лео.
Со Маријана Чолиќ се венчал во 2003 година, а се развеле во 2009 година. Се запознале додека тој бил тренер на „Партизан“.
Процесот на развод започнал во 2007 година, а завршил дури во 2009 година. Во тој период ја запознал украинската манекенка Кристина Лилијана Чудинова и се венчале веднаш штом завршил разводот со Маријана.
Венчавката се одржала во Лас Вегас во 2009 година, а се развеле две години подоцна.
Неговиот последен брак бил со руската манекенка Анастасија Климко; се венчале во 2014 година, се развеле во 2021 година и со неа има син.
