Jамал ​го копира Меси – сè е подготвено за 13 јули

Од:

Ламинe Jамал ​​(17) ќе го смени бројот на дресот во Барселона, па наместо 19, ќе носи број 10. Веднаш е јасно дека тоа е бројот на Лионел Меси и дека сака да го копира легендарниот Аргентинец и еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Ова е идејата и на шпанскиот клуб, да создаде нешто ново и супер талентираниот Шпанец да биде новата главна ѕвезда и тимот да се гради околу него.

Полнолетството ќе го прослави на 13 јули, а идејата е токму тогаш да се направи спектакл. На тој датум Јамал ​​ќе потпише нов договор со Барселона со посебна клаузула во договорот. Потоа ќе добие нов дрес со број 10.

Сето ова е идеја на Барселона за развој и од маркетинг и од финансиска перспектива. Се очекува дресот со број 10 да предизвика бурни реакции на пазарот и се надеваат дека и на тој начин ќе го зголемат интересот. Исто така, откупната клаузула за Јамал ​​ќе изнесува една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Барса со стил оди во четвртфинале, Њукасл со седум гола во мрежа се враќа во Англија

А1он

Наместо на стадионот на Њукасл да ја гледа Барса, шпански навивач заврши кај англиски третолигаш

А1он

Лапорта: 72 години Реал ги контролира судиите, зарем не е срамота?

А1он

Флик воведе голема казна во Барса – 10 минути доцнење чинат 40.000 евра

А1он

Кандидатот за претседател на Барселона најави дека ќе го врати Меси во клубот

А1он

„Влаховиќ ќе оди во Барселона“

А1он