Касерес еден месец надвор од фудбалските терени

Од:

Членот на Јувентус, уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку 30 дена поради операција на менискусот на десното колено.

Уругваецот се повреди во саботата настапувајќи за својата репрезентација во квалификациите за Светското првенство против Перу во дуел кој неговата земја го доби со 2:1.

Касерес во Јувентус дојде 2012 година од шпанскиот клуб Севиља. Измината сезона уругвајскиот интернационалец одигра 18 натпревари и постигна еден гол за италијанскиот шампион.