Кариерата на Роналдо загрозена?

Од:

Кристијано Роналдо ќе ги прифати советите на лекарите и ќе го заврши настапот на Светското првенство во Бразил, пишува „Ел Конфиденсијал“.

Португалецот бил предупреден од лекарите дека си ја ризикува кариерата со настапот против Германија, но и покрај тоа реши да и помогне на својата репрезентација.

Сепак, проблемите со коленото го натерале Роналдо да се соочи со реалноста и да го пропушти преостанатиот дел од мундијалот.

Неговиот национален тим во групната фаза ќе игра уште против Гана и САД.