Возот со кој доаѓаат навивачите на хрватската репрезентација во Скопје, синоќа во два наврати бил каменуван.
Првиот пат камења летале веднаш чим влегол на територијата на Србија од Хрватска, а вториот пат во близина на Белград.
Скршени се два прозорци, но нема повредени и не е направена поголема штета.
Вечерва околу 1700. хрватски навивачи ќе се упатат на стадионот Филип Втори на натпреварот на нивната репрезентација со Македонија.