Јуниорите загубија од Португалија на ЕП Б-дивизија во Талин

Од:

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе пораз вечерва од Португалија 78:69 во натпревар за пласман од 9-16.место на Европското првенство – Б дивизија што се игра во Талин, Естонија.

Резултат по четвртини: 26:18; 22:12; 11:19 и 19:20.

Послабото прво полувреме беше причина за поразот во овој дуел. Португалија првото полувреме го добија со резултат 42:30. Најефикасен во нашата репрезентација беше Андреј Јордановски со 20 поени, додека по 12 постигнаа Кирил Панов и Павле Михалоски.

Македонија утре во натпревар за пласман од 13-16.место ќе игра против Шведска, која денеска загуби од Исланд