Јамал со крваво стапало: Не е фаул!

Од:

Фудбалерот на Барселона, младиот и талентиран Ламине Јамал ​​не беше задоволен од судењето на синоќешниот натпревар со Лас Палмас.

Каталонците во 25. коло од Ла Лига го совладаа Лас Палмас со 2:0, а еден од хероите на триумфот беше токму Јамал ​​кој асистираше до Дани Олмо при првиот гол на Барселона.

Иако одигра одлична партија, тој беше бесен поради третманот кој го доби од судиите на овој натпревар.

Непосредно пред водечкиот гол на Барса, судијата не досуди очигледен фаул над Јамал, па младиот Шпанец имаше што да им каже на судиите по натпреварот.

На својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од крваво стапало со иронична порака упатена до судиите:

„Не е фаул“, напиша Јамал.

Барселона во моментов е лидер во Примера со 54 освоени бодови, Атлетико има бод помалку и моментално е на втората позиција, додека Реал е трет со 51 освоен бод и натпревар помалку од Барса и Атлетико.

Би можело да ве интересира

Роналдињо: Јамал ​​им носи радост на луѓето, тој е на ниво на освојувач на Златната топка

А1он

Jамал ​го копира Меси – сè е подготвено за 13 јули

А1он

Дали Јамал е главен фаворит за Златната топка, има еден пред него

Предраг Петровиќ

Фердинанд: Ако Јамал направи разлика во реваншот со Интер, одма дајте му ја Златната топка

А1он