Шпанскиот фудбалер Ламине Џамал воодушевува со своите фудбалски вештини, а многу поранешни фудбалски асови го гледаат како најголем талент по Лионел Меси.
Од него се очекува многу на вечерашното Ел Класико, кое од 21 часот се игра на „Сантијаго Бернабеу“.
„Се надевам дека ќе го поминам целиот мој живот овде и ќе станам легенда на Барселона. Кога станува збор за дерби, имаме Барса против Еспањол или Атлетико против Реал Мадрид, но натпреварите Барса против Реал Мадрид се нешто посебно за сите спортови. Ривалството трае уште од детството, и таму сакаш да победиш. Од понеделник размислувам за Ел Класико, иако секако имаше два многу важни натпревари во текот на неделата. Сепак, Ел Класико е Ел Класико и сите сакаме да го освоиме“ – изјави крилниот напаѓач на Барса во интервју за клупските медиуми.