Ибрахимовиќ испраќа сигнали за можно враќање во репрезентацијата

Од:

Поранешниот репрезентативец на Шведска и напаѓач на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахомовиќ најавува можно враќање во репрезентативниот дрес пред Светското првенство.

Тој на неговиот Инстаграм профил објави колаж од две фотографии. На едната е тој во детски години, а на другата е со националниот тим на Шведска и напиша „Гледам во иднината“.

Тој ја заврши својата кариера во националниот дрес по Европското првенство во 2016 година. Шпекулациите за негово можно враќање во репрезентацијата се појавија по пласманот на Шведска на СП 2018, откако во баражот ја испаднаа Италија.