Гвардиола за расизмот: Наставниците и лекарите треба да бидат многу подобро платени

Од:

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола верува дека наставниците и лекарите треба да бидат значително подобро платени како дел од борбата за образование на децата и решавање на проблемот со расизмот во општеството.

Тренерот на Манчестер Сити го изрази своето мислење како одговор на прашањето за повторените расистички навреди на кои е изложен играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, пишува Goal.com.

Гвардиола истакна дека расизмот не е проблем што се однесува само на фудбалот или на една земја.

„Проблемот е што расизмот е насекаде. Не само во Шпанија. Во Англија, насекаде. Проблемот е што луѓето веруваат дека нивната раса е подобра од друга, дека нивниот јазик е подобар од друг, дека нивната култура е подобра. Ова се случува многу долго време“, рече тој.

Тој нагласи дека образованието е клучно за идните генерации.

„Мора да ја прифатиме различноста. Живееме во свет каде што миграцијата се зголемува. Училиштата и новите генерации се важни, а расизмот е насекаде. Луѓето кои треба да бидат повеќе платени се наставниците и лекарите. Тие се најважни за новите генерации. Наместо тоа, менаџерите, актерите и ние фудбалерите сме повеќе платени од нив“, заклучи шпанскиот експерт.

Би можело да ве интересира

Гвардиола: Арсенал е најдобриот тим во светот во моментов

А1он

Гвардиола: Кој ќе се врати поправен по Божиќ, нема да патува на следниот натпревар

А1он

Мареска ги негира гласините дека ќе седне во фотелјата на Гвардиола во Сити

А1он

Гвардиола: Светот ја остави Палестина сама, им дозволивме да уништат цела нација

А1он

Гвардиола: Светското клупско првенство нè уништи

А1он

Гвардиола: После Сити – пауза

А1он