Гвардиола потврди: Халанд е тешко повреден

Од:

Манчестер Сити се мачеше со повреди оваа сезона, а голем неуспех дојде кога Ерлинг Халанд заработи повреда на четвртфиналниот натпревар од ФА Купот против Бурнемаут и беше изваден во 61. минута.

За оваа ситуација проговори и Пеп Гвардиола кој откри непознати детали.

– Лекарите ми рекоа дека Халанд ќе биде надвор од терените меѓу пет и седум недели. Се надевам дека ќе биде подготвен на крајот на сезоната и на Светското клупско првенство. Оваа работа со повреди се случува цела сезона, се навикнавме на тоа. Би рекол дека ќе беше поинаку ако беше крај на сезоната. Со сите повреди што ги имавме оваа сезона, многу ми е жал за нив, како и за Ерлинг. Му посакувам брзо закрепнување и што поскоро да се врати – изјави Пеп, а потоа додаде:

– Ќе најдеме решение со помош на играчите што ги имаме на располагање. Сите тие имаат различни вештини и квалитети. Ќе имаме уште еден напаѓач. Немаме друг играч со неговите вештини или специфични квалитети на Халанд, свесни сме за тоа. Мора да се прилагодиме. Со години играме на различни начини во нападот. Зависи од квалитетот на играчите. Ќе се обидеме да најдеме решение“, изјави Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години

А1он

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Пеп Гвардиола се разведува

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он