ГП на Британија ќе се премести, за да се размине со „Вимблдон“ и ЕП 2020

Од:

Раководството на Формула 1 се согласи да се премести Гран при на Велика Британија следната година за да се избегне преклопување со другите големи спортски настани. Трката на „Силверстон“ ќе се одржи на 19 јули за да се избегнат финалето на ЕП 2020 и финалето кај мажите на „Вимблдон“.

Организаторите на трката притискаат напорно за оваа промена, бидејќи гледачите на Ф1 беа помалку во 2019 година поради уникатната тениска драма меѓу Ѓоковиќ и Федерер, како и прилично интересното финале на Светскиот куп во крикет.

Публиката на „Силверстон“ беше поголема од онаа на Вимблдон и од крикет, но проблемот беше со одливот на ТВ публиката.

Имало дури и идеја Гран при на Велика Британија да се одржи во јуни, но тоа се покажало како невозможно со оглед на остатокот од календарот.