Големото засилување за Барса – за 100 години Рашфорд е вториот Англичанец на „Ноу Камп“

Од:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд (27), утрово пристигна во тренинг центарот на Барселона на медицински преглед, а попладне ќе се запознае со играчите на каталонскиот гигант, додека во среда е закажана средба со претседателот Жоан Лапорта и потпишување на договор за позајмица во канцелариите на Камп Ноу“ и официјална презентација.

Рашфорд доаѓа во Барселона на позајмица од една сезона, со можност за откуп за 30 милиони евра.

Официјалната презентација е одложена за еден ден, бидејќи Барса се обидува темелно да ја провери физичката подготвеност на Рашфорд откако тој ги пропушти последните натпревари од минатогодишниот позајмен период во Астон Вила поради повреда на тетивата.

По неколку недели интензивни тренинзи во Марбеља, се претпоставува дека Англичанецот целосно се опоравил и е подготвен за претстојната сезона. Иако Рубен Аморим не го сакаше во Манчестер Јунајтед, во Барселона веруваат дека тој ќе биде одлично засилување и дека ќе го подобри нивниот процент на реализација и ќе донесе уште повеќе голови.

Рашфорд ќе биде само вториот англиски фудбалер во последните 100 години што ќе игра за Барселона.

Од 1924 година, само Гари Линекер го носел дресот на Блауграна“, и тоа од 1986 до 1989 година. Зачудувачки е што земјата што го измисли фудбалот има толку мала застапеност во клуб како Барселона.

Причините се различни: од повеќегодишното ограничување на бројот на странци до културната поврзаност на каталонскиот клуб со други фудбалски школи, како што се унгарските, холандските или бразилските. Не беше така на почетокот на каталонскиот клуб.

Многу британски фудбалери играа за Барса во годините по нејзиното основање во 1899 година, сè до втората деценија од 20 век. Во тоа време, Барса играше многу пријателски натпревари со британски тимови, а потоа ги ангажираше своите играчи, кои во суштина ја обликуваа историјата на Барса и влијаеја на глобалната популарност на каталонскиот клуб.

Многу фудбалери кои пристигнаа во Барселона на почетокот на 20 век всушност беа Шкоти, како што е напаѓачот Џорџ Патул, но Англичаните сè уште доминираа. Интересно е што Маркус Мекгуан, сега играч на Бристол, играше за резервниот тим на Барселона од 2018 до 2020 година, но не стигна до првиот тим, па Линкер останува единствениот Англичанец кој играл за Барса од 1924 година.

Линекер остана на Камп Ноу до 1989 година, постигнувајќи 52 гола на 139 официјални натпревари, плус уште 6 на 11 пријателски натпревари. Со Барса, тој го освои Купот на победниците на куповите во 1989 година и Купот на кралот во 1988 година.

Би можело да ве интересира

Барса за 24 часа заработи 10 милиони евра од дресовите на Јамал

А1он

Не размислува за пензија – Шчесни го продолжи договорот со Барселона

А1он

Најатрактивниот трансфер летово завршен на Ибица

А1он

Jамал ​го копира Меси – сè е подготвено за 13 јули

А1он

Флик по лудото „Ел Класико“: Ќе морам да проверам како ми е срцето

А1он

Педри: УЕФА да го истражи судијата Марчинијак, oва не е првпат да не оштети

А1он