Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лејтон Ориент во ФА Купот

Од:

Фудбалерите на Манчестер Сити направија пресврт победувајќи го третолигашот Лејтон Ориент со 2-1 на гостински голови и на тој начин се пласираа во осминафиналето на ФА Купот.

Лејтон Ориент поведе во 16. минута на спектакуларен начин. Џејми Донли шутираше од половина терен, топката се одби од гредата и во грбот на голманот Стефан Ортега, а потоа во мрежата на Граѓаните. Во 22. минута Нико Гонзалес, кој беше платен 50 милиони фунти и неодамна беше член на Порто, поради повреда го напушти дебитантскиот натпревар за Манчестер Сити.

Финалистот од минатата сезона во најстарото фудбалско натпреварување во светот израмни со деби голот на Абдукодир Кусанов. Узбекистанецот погоди во 56. минута по асистенција на Рик Луис. Целосен пресврт донесе уште една замена, Кевин Де Брујне, со голот во 79. минута по додавањето на Џек Грилиш.

Би можело да ве интересира

По 10 години Кевин де Брујне си оди од Манчестер Сити

А1он

Ливерпул со прва победа кај Сити по 10 години

А1он

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

(ВИДЕО) Избувна пожар пред стадионот на Манчестер Сити

Горан Наумовски

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0