(ФОТО) СП Катар: Избришана референцата БЈРМ на македонскиот автобус

Од:

По слетувањето на авионот во Доха непријатно изненадување имаше за македонската ракометна експедиција откако автобусот на нашата репрезентација беше обележан со БЈР Македонија.

Но, неизвесноста траеше кусо бидејќи организаторот на СП брзо се снајде по реакцијата на нашата ракометна експедиција. Дел од луѓето ангажирани околу шампионатот ја покрија кратенката БЈ и на автобусот сега пишува Р Македонија.