Фонсека: Не продавајте им играчи на руски клубови

Од:

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека, тесно поврзан со Украина, ги повика фудбалските клубови да не продаваат играчи на руски тимови, па дури и да не преговараат со нив.

“Минатата недела прочитав дека Бенфика и мојата Брага размислуваат да продаваат играчи на руски клубови. Не сакам да верувам. Одбивам да верувам”, напиша Фонсека на социјалните мрежи.

Поранешниот тренер на Брага, Пауло Фонсека помина три сезони на клупата на Шахтјор Доњецк (2017-2019), кога ја запозна својата сопруга Катерина, Украинка. Тие мораа да побегнат од Украина на почетокот на руската инвазија, во февруари 2022 година.

„Русија секој ден продолжува да убива луѓе, особено невини деца.. можеби некој од нив гледа фудбалски натпревар дома.. Ако Бенфика и мојата Брага се договорат со руските клубови, тоа ќе бидат крвави пари“, напиша тренерот.

Според него, клубовите треба да се угледаат на италијанскиот Сасуоло.

„Пред две недели рускиот клуб се обиде да го купи Рожерио, дефанзивецот на Сасуоло. Италијанскиот клуб ги одби преговорите и рече дека од етички причини поврзани со војната нема да го сторат тоа. Апелирам до Бенфика и мојата Брага да го следат примерот на италијанскиот клуб“, рече Фонсека.

Би можело да ве интересира

Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

А1он