Флик и Барселона ја продолжуваат соработката до 2027

Од:

Ханси Флик и Барселона постигнале начелен договор за продолжување на соработката најмалку до 2027 година. Германецот добива нови, се разбира подобро услови пред се кога се во прашање финансиите.

Инаку Флик и Барса имаат договор до јуни 2026, Хоан Лапорта инсистирал на договор до 2023, но сепак Германецот не сакал да се врзува на толку долг период.

Имено тој секогаш барал, каде и да работел едногодишни или двогодишни договори.

Се разбира дека ова е добра вест за сите во Барселона, посебно за фановите на каталонската гордост кои се воодушевени од тоа што го прави Германецот во својата прва сезона како стратег на тимот. Барса има големи шанси да ги освои сите три титули.

Прва е во Ла Лига, во ЛШ веќе е во 1/2 финалето а во Копа дел Реј игра финале против Реал Мадрид, тим кој што оваа сезона буквално го парчосува во секое Ел Класико.

Би можело да ве интересира

Флик воведе голема казна во Барса – 10 минути доцнење чинат 40.000 евра

А1он

Кандидатот за претседател на Барселона најави дека ќе го врати Меси во клубот

А1он

„Влаховиќ ќе оди во Барселона“

А1он

Ја најде ли Барса замената за Левандовски?

А1он

Барса го гледа Кејн како наследник на Левандовски: Немам никаков контакт, малку е веројатно…

А1он

(ВИДЕО) По две години Барселона играше на „Камп Ноу“ – го победи Билбао со 4:0

А1он