Во интерес на јавноста уште еднаш потенцираме, дека СДСМ бара 1 милион денари со кои еднократно, директно и лично ќе бидат наградени фудбалерите на ФК Победа.
Претседателот на Совет на општина Прилеп, Никола Димески, манипулира кога вели дека Комисијата за финансирање и буџет веќе одвоила средства, бидејќи тие средства за кои зборува, завршиле кај управата на клубот, а не во рацете на фудбалерите и стручниот тим!
Управата на ФК Победа, којашто се јави со писмена реакција, од една страна се сложува дека политиката не треба да се меша во спортот, а од друга се става во одбрана на општинската власт.
Ја повикуваме управата на ФК Победа, недвосмислено да се изјасни, дали го поддржува Предлогот на СДСМ – фудбалерите и стручниот тим на ФК Победа да бидат лично наградени со 1 милион денари општински пари, прашуваат од советничката група на СДСМ во Прилеп.
Уште еднаш ги повикуваме и Советниците од власта, заедно да ја покажеме искрената намера, со тоа што тие нека го иницираат предлогот за награда на фудбалерите, а ние ќе го поддржиме.
Ве уверуваме дека иднина општинска власт под раководство на СДСМ, ќе биде вистински партнер на ФК Победа и на сите други спортски клубови во општина Прилеп.
Фото: ФК Победаинфо