Фернандињо доби казна од четири натпревари

Од:

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фернандињо кој доби црвен картон на натпреварот со Барнли во понеделникот е суспендиран на четири натпревари.

Бразилецот по втор пат беше исклучен оваа сезона во Премиер лигата, претходно тој превдреме го заврши натпреварот Со Челзи на 3 декември.

Менаџерот на „граѓаните“ нема да може да смета на услугите на Фернандињо за средбите со Вест Хем во ФА купот, и за првенствените дуели со Евертон, Тотенхем и Вест Хем.

Со казна од ФА се соочува и Бакари Сања, одбранбениот фудбалер на Сити кој го критикуваше судијата Мајсон за делењето на правдата на мечот Манчестер Сити – Барнли. Французинот на социјалните мрежи напиша дека натпреварот бил „10 против 12“.   

Сања има рок до петок да го објасни тој коментар, а потоа надлежните ќе одлучат дали ќе покренат постапка против него.