Екс фудбалер на Баерн и Јувентус го бара полиција – не ја плати алиментацијата

Од:

Познатиот бразилски фудбалер Даглас Кошта (35) го бара полицијата откако судот во Порто Алегре издаде налог за неплаќање алиментација, што веќе предизвикуваше огромни проблеми за крилниот напаѓач што го паметиме од времето кога настапуваше за Баерн Минхен и Јувентус.

Во моментов, Бразилецот должи околу половина милион бразилски реали, односно околу 78.000 евра, и поради тоа, полицијата би можела да затропа на неговата врата.

Како што е наведено во текстовите на странските медиуми, ова не е првпат полицијата да го бара Даглас Кошта од истата причина, кој претходно избегнувал да ги плати пропишаните обврски. Слична ситуација имал и пред две години, кога бил осуден на 30 дена затвор.

„Фудбалскиот клуб Сиднеј ја прекина соработката со Даглас Кошта. Играчот не може да се врати во Австралија поради постојани правни и лични проблеми во Бразил. На 25 настапи, тој постигна шест гола и додаде осум асистенции“, се вели во соопштението издадено од еден од најдобрите тимови во Австралија по овој повод.

Даглас Кошта исто така се огласи, свесен зошто ја изгуби работата.

„Благодарен сум на Сиднеј што ми даде можност да играм во Австралија. Беше неверојатна година во овој дрес. Жалам што не можам да се вратам, бидејќи има работи што треба да ги решам дома, но секогаш со радост ќе се сеќавам на времето поминато тука. Им благодарам на сите во клубот и навивачите за нивната поддршка. Ова е искуство што никогаш нема да го заборавам“, рече Бразилецот, кој во текот на својата кариера го носеше дресот на многу попознати тимови.

Даглас Коста почна да игра фудбал во тим наречен Ново Хамбурго, а потоа беше забележан од познатиот Гремио каде што помина многу години во јуниорските категории и првата сезона во сениорскиот фудбал.

Следеше европска авантура, за време на која играше за Шахтјор, Баерн Минхен и Јувентус, а потоа почна да талка.

Беше на позајмица во Гремио, се приклучи на ЛА Галакси, играше за Флуминенсе и заврши во Сиднеј.