По првата сезона во која ја освои титулата шпански шампион со Барселона и додаде трофеи од Кралскиот куп и Шпанскиот суперкуп, фудбалскиот репрезентативец на „Фуријата“ – Дани Олмо се надева дека ќе го зголеми бројот на титули со клубот каде што порасна како играч.
Шпанскиот играч од средниот ред ја посетуваше фудбалската школа на Барса пред да пристигне во Динамо Загреб како тинејџер, а потоа се врати во Барселона преку клубот од Загреб и РБ Лајпциг.
Олмо учествуваше во успесите на Барса минатата сезона со десет гола и четири асистенции во 25 лигашки натпревари и две асистенции на патот до титулата во Кралскиот куп.
Оваа сезона, тој има еден гол и две асистенции во 13 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите. Тој се надева на титула во најпрестижното европско клупско натпреварување оваа сезона.
„Минатата сезона освоивме три титули, оваа сезона ќе ги браниме и ќе се стремиме кон онаа што недостасува“, им рече Олмо на шпанските новинари, а потоа, на нивно барање, состави идеален играч користејќи ги, според него, најдобрите страни на фудбалските ѕвезди.
Сите што ги наведе одиграле барем еден дел од својата кариера за Барселона.
Единствен исклучок е Килијан Мбапе, некогашен ас на Монако и ПСЖ, а денес ѕвезда на Реал Мадрид.
Идеалниот играч според Дани Олмо:
Лева нога: Лионел Меси
Десна нога: Педри
Глава: Роберт Левандовски
Брзина: Килијан Мбапе
Додавања: Чави
Вештина: Нејмар
Лидер: Карлес Пујол
