Дванаесет екипи месецов ќе си ги измерат силите во борба за влез во групната фаза од ЛШ

Од:

Дванаесет екипи ги резервираа своите места за плејофот од Лигата на шампиони откако успешно го завршија третото квалификациско коло.

ПСВ Ајндховен, Бенфика, Шахтјор Донецк, Лудогорец, Шериф, Малме, Салцбург, Брондби, Динамо Загреб, Монако, Јанг Бојс и Ференцварош се клубовите кои претстојниов месец ќе си ги измерат силите во борба за влез во групната фаза од ЛШ.

Распоред на плеј-оф – први натпревари
Вторник 17 август

Салцбург – Брондби
Шериф – Динамо Загреб
Монако – Шахтјор Доњецк

Среда 18 август

Јанг Бојс – Ференцварош
Малме – Лудогорец
Бенфика – ПСВ Ајндховен

Плеј-оф реванши
Вторник 24 август

Ференцварош – Јанг Бојс
Лудогорец – Малме
ПСВ Ајндховен – Бенфика

Среда 25 август

Брондби – Салцбург
Динамо Загреб – Шериф
Шахтјор Доњецк – Монако

Победниците од плејофот одат во групната фаза на УЕФА Лига на шампиони, а тимовите што ќе загубат преминуваат во групната фаза на УЕФА Лига Европа.