Дрита Ислами преставничка од Македонија на Светското атлетско првенство во Лондон

Од:

Дрита Ислами ќе биде единствена преставничка од Македонија на ИААФ Светско првенство за сениори, кое  се одржува во Лондон  од 4 до 13 август , на кое ќе учествуваат 2.038 атлетичари од 205 земји од светот.

Таа ќе настапи утре во 4-тата квалификациона  група на 400 метри со пречки во 19,57 часот по локално време, во дисиплината ќе настапаат 39 атлетичарки. Дрита оваа година има најдобар резултат од 59.33 секунди што преставува и рекорд на Македонија.