Македонскиот каратист Дејан Недев освои бронзен медал во кати на ИКУ светски карате шампионат во Буенос Аирес, Аргентина.
Недев успеа да дојде до бронзениот медал во неговата категорија во која учествуваа 57 каратисти од 44 држави.
Второто место го освои претставникот од Бангладеш, Сиад Нуризман.
Недев по пауза од три години на големите натпреварувања доаѓа до позначителен успех.
Македонските каратисти за две недели ги очекува Светскиот шампионат во традиционално карате, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември во Лима, Перу.