Да Силва постави олимписки рекорд во скок со стап

Од:

Бразилецот Тиаго Браз Да Силва и донесе голема радост на домашната публика освојувајќи го златниот медал во атлетската дисциплина скок со стап. Воедно тој постави нов олимписки рекорд од 6.03 метри.

Сребрениот медал е за светскиот рекордер Рену Лавилени (Франција) со скок 5.98 метри, додека бронзата отиде кај Американецот Сем Кендрикс со 5.95 метри.

Мажите ги поделија медалите и во трката на 800 метри:

1. Давид Лекута Рудиша (Кенија) 1:42.15 минута
2. Таоуфик Махлуфи (Алжир) 1:42.61
3. Клејтон Марфи (САД) 1:42.93.

Во конкуренција на жени финале се одржа во трката на 400 метри. Победи Шонеј Милер од Бахамите со време 49.44 секунди, пред Алисон Феликс од САД која седум стотинки заостана зад победничката, додека Јамајчанката Шерика Џексон (Јамајка) беше трета со време 49.85.