Челзи подготви 250 милиони за Меси

Од:

Челзи е подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на Лионел Меси, која изнесува 250 милиони евра, тврди британскиот „Daily Star“. Како што наведува таблоидот, челниците на ‘сините’ биле подготвени на Аргентинецот да му понудат шестгодишен договор.

Според „Daily Star“, Челзи ќе се обиде да профитира од недоразбирањата кои наводно постојат на релација помеѓу Меси и тренерот на Барселона Луис Енрике.

Инаку, менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, во декември изјави дека клубот нема средства за да го донесе Меси.