Челимо победничка на женскиот маратон на Светското првенство во атлетика

Од:
Маратонката Роза Челимо (28) од Бахреин победи на денешната маратонска трка на Светското првенство во атлетика што се одржува во Лондон. Таа патеката ја истрча за 2:27.11 часа.

Второто место и сребрениот медал и припадна на двократната светска шампионка од 2011 и 2013 година Една Киплагат од Кенија, додека трета целната линија ја мина Американката Еми Грег двете со исто време 2:27.18 часа.
Челимо досега имаше трчано на само три маратонски трки. Победи на своето деби во Сеул, беше осмопласирана на Олимписките игри во Рио де Жанеиро лани и го освои второто место на Бостонскиот маратон оваа година.