Тотенхем доживеа нов дебакл во Премиер лигата, беа декласирани на домашен терен од Нотингем Форест со резултат од 0:3.
Гостите поведоа преку Игор Жесус во 45-тата минута, а Морган Гибс-Вајт го дуплираше водството во 62-та. За конечниот резултат се погрижи Авоњи во 87-мата минута.
Спарс се уште се над „линијата“, благодарение на Астон Вила, кој го победи Вест Хем.
Значи, сега Нотингем е 16-ти на табелата со 32 бода, Тотенхем има 30, а Вест Хем е прв под „линијата“ со 29 бода.
Навивачите на Тотенхем го препознаа моментот кога најмногу требаше да му помогнат на својот тим и пред почетокот на натпреварот создадоа спектакуларна атмосфера, се очекуваше избраниците на Игор Тудор да бидат со крилја“, а по ремито со Ливерпул и победата над Атлетико Мадрид, со сите сили ќе тргнат кон победа и три бода, но тоа не се случи.
Тотенхем ја продолжи агонијата, Игор Тудор дефинитивно не е „спасителот“, овој тим не познава триумф во домашното првенство веќе 13 натпревари и е зрел за испаѓање. Ако навистина се случи тоа, ќе видиме една од најголемите сензации во фудбалот во овој век.
Тотенхем е актуелен победник на Лигата на Европа.
