Бомба во Франција: Пол Погба потпиша двегодишен договор со Монако

Од:

Францускиот фудбалер Пол Погба потпиша двегодишен договор со Монако.

За потсетување, Погба (32) не одиграл официјален натпревар од септември 2023 година, откако беше суспендиран поради позитивен тест за тестостерон.

Во времето на неговата суспензија, тој играше за Јувентус, со кого го раскина договорот минатиот ноември.

Францускиот фудбалер во текот на својата кариера играл само за Манчестер Јунајтед и Јувентус, а своите најзначајни резултати ги забележал во дресот на клубот од Торино.

Погба одиграл 91 натпревар за француската репрезентација и постигнал 11 гола, а бил член и на тимот што го освоил Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година.

Би можело да ве интересира

По 811 дена Пол Погба се враќа на фудбалските терени

А1он

Погба може да заигра фудбал по двегодишна пауза

А1он