Бобан Илиоски и Милијана Релиќ прогласени за спортисти на годината

Од:

Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија вечерва ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година.

Признанието спортист на годината за 2024 му припадна на кик боксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 кг. на ЕП во Атина.

Најдобра спортистка за 2024 година е таеквондистката Милијана Рељиќ, македонска олимпијка, четвртфиналистка од ОИ во Париз.

Најуспешна федерација е Македонската таеквондо федерација.

Најуспешен тренер/селектор е Кирил Лазаров, а најуспешен спортист со инвалидитет е Оливера Наковска Бикова.

Македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија плакета како достојни претставници на Македонија на меѓународна сцена, на Олимписки игри, европски и светски првенства и клупски ракометни натпреварувања.

Европскиот вицешампион од Европското таеквондо првенство за кадети, Теодор Стојановски доби плакета како откритие на годината.

Би можело да ве интересира

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

А1он

Министерството за спорт преку посебна програма ќе субвенционира врвен спорт