Штутгарт во Белград го доживеа еден од најубедливите порази во поновата историја, бидејќи загуби со 5:1 од Црвена Звезда.
По мечот, германски „Билд“ беше суров, најмногу кон тренерот Себастијан Хенес.
„По дебаклот во Србија, тој застана на страна како збунета пудлица, делуваше исплашено. Не само што стави неубедливи стартни 11, туку и целосно ги промаши промените. Пред него се многу тешки денови. До Божиќ ќе му треба многу среќа“, стои во текстот на споменатиот медиум.
„Билд“ ја пренесе и изјавата на Анџело Стилер, играчот за врска на Штутгарт, кој остро се критикуваше себе си и соиграчите.
„Ова беше големо ништо денес. Не дека не игравме добро, бевме очајни. Кога ќе поведете во петтата минута, нормално е да бидете дополнително инспирирани, тоа не ни се случи“, рече Стилер и додаде:
„Заслужено загубивме и сега не смееме да калкулираме, свесни сме дека четири бода од пет натпревари е лош учинок, да одиме на победа во следната рунда.