Без голови против Катар

Од:

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови во контролката во Риети каде за противник ја имаше селекцијата на Катар.

Ова беше втор пријателски натпревар за нашата сениорска репрезентација во период од четири дена, откако претходно, во Австрија, нашите сениори забележаа пораз од селекцијата на Камерун со 0-2.

Следните контролни средби нашата селекција ќе ги одигра во јуни каде за противник ќе ја има селекцијата на Кина. Првиот натпревар е предвиден да се одигра на 18-ти јуни, додека пак вториот четири дена потоа. И двата се предвидени да се одиграат на терен на противникот.