Бекам презадоволен од дуелот против Марсеј

Од:

Дејвид Бекам очигледно добро се вклопи во новиот тим, а во вчерашниот дуел помеѓу ПСЖ и Марсеј, англискиот ветеран се најде во стартниот тим и го одигра речиси цел натпревар.

„Секогаш е добро кога играте од почеток. Ми беше чест, во тимот има многу квалитетни фудбалери. Добро е, но немојте да мислите дека баш секој натпревар ќе можам да одиграм 85 минути“ – изјави Бекам.

На неговата измена и претходеше расправијата со Ајеу, меѓутоа Бекам порача дека таа работа е веќе заборавена.

„Не е страшно, тоа е веќе минато. Па ова е важен натпревар на големи ривали. Тензиите беа присутни од почетокот на натпреварот и тоа е нормално“ – објасни Англичанецот.