Барселона се впушти во нов трансфер заради засилување на тимот

Од:

По последниот „Ел Класико“, во кој Барселона загуби со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“, Каталонците решија да се вклучат силно на трансфер пазарот, за да изградат цврст тим околу Лионел Меси.

Предизвикот за клубот е јасен – да не се повторуваат старите грешки, да се преземат играчи кои се резерви или имаат периферна улога.

Барселона веќе знае што сакаат играчите – најмалку двајца дефанзивци и двајца напаѓачи, едниот кој може да игра на крило и другиот кој може да го замени Луис Суарез.

Клубот е свесен дека на тимот му треба освежување и треба играчи кој ќе го поддржат Меси и ќе му помогнат да се бори на три фронта.

Одбраната сигурно ќе бара централен дефанзивец, како и десен бек за решавање на проблемите што ги имаат од 2016 година по заминувањето на Дани Алвеш.