Претставници на бразилскиот репрезентативец Неимар денеска уплатиле 222 милиона евра за раскинување на неговиот договор со Барселона со што е направен чекор за рекорден трансфер во Пари Сен Жермен.
– Правни застапници на Неимар денеска ги посетија клупските простории на Барселона и уплатија 222 милиона евра од името на играчот за да се раскине договорот. Клубот сега тоа ќе го испрати во УЕФА и деталите на таа операција, за да може тие да одлучат за дисциплински одговорности што може да произлезат од тој случај, соопшти фудбалскиот клуб Барселона.
Шпанската фудбалска лига соопшти денеска дека одбива прифаќање клаузула за отштета за заминување на Неимар од Барселона во ПСЖ бидејќи тоа значи и кршење на правилата на УЕФА за финанскиски Фер-Плеј.