Барса го гледа Кејн како наследник на Левандовски: Немам никаков контакт, малку е веројатно…

Од:

Хари Кејн продолжува да постигнува голови во дресот на Баерн и оваа сезона, а неговите игри во Минхен не поминаа под радарот на европските гиганти.

Англискиот голгетер е убедливо најдобар стрелец во Бундеслигата со 14 гола, па затоа не е изненадувачки што приказните за интересот на други клубови циркулираат сè почесто. Меѓу оние кои, според извештаите од Пиринеите, го насочиле вниманието кон Кејн, е и шампионот на Шпанија – Барселона.

Каталонците наводно го гледаат Кејн како идеален наследник на Роберт Левандовски, кој влезе во последната година од договорот и е се поблиску до крајот на епизодата на Камп Ноу. Сепак, од таа работа нема ништо, барем засега.

Во интервју за германскиот „Билд“, Кејн јасно изјави дека немало контакти со Барселона и дека неговиот фокус е исклучиво на Баерн.

– Немам никаков контакт со никого. Се чувствувам многу удобно тука, иако сè уште не сме разговарале за мојата ситуација со Баерн. Значи, нема брзање, многу сум среќен во Минхен. Малку е веројатно дека нешто ќе се промени по оваа сезона – рече Хари Кејн.

Таквата изјава звучи како ладен туш за Барселона и практично како „шах-мат“ во обидот да го доведат следното лето.

Секако, никогаш не треба да се каже „никогаш“ во фудбалот, но пораката од Минхен е јасна: Кејн не се гледа себеси никаде на друго место во моментов.

Ова значи дека, ако Каталонците навистина планираат нова „деветка“, ќе мора да ја бараат на друга адреса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По две години Барселона играше на „Камп Ноу“ – го победи Билбао со 4:0

А1он

Ѕвездата на Барса со своја верзија за идеален фудбалер

А1он

Хари Кејн го состави идеалниот тим на соиграчи, но и на противници

А1он

Кејн сруши голгетерски рекорд: Ова е лудо дури и за мене

А1он

Рашфорд доби чуден прекар во Барселона, ниту тој не знае што значи

А1он

Големото засилување за Барса – за 100 години Рашфорд е вториот Англичанец на „Ноу Камп“

А1он