Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас за првпат во кариерата избори пласман во финалето на Австралија опен, откако во драматично полуфинале го совлада Германецот Александар Зверев со 3:2 во сетови.
Натпреварот во Мелбурн влезе во историјата како најдолго полуфинале на Австралија опен, траејќи неверојатни 5 часа и 27 минути. Алкарас победи со 6:4, 7:6, 6:7, 6:7 и 7:5 по вистинска тениска битка исполнета со пресврти.
Шпанецот беше на чекор од предавање откако поведе со 2:0 во сетови, но во третиот сет се здоби со повреда на мускулот која сериозно му го отежна движењето. По медицински тајм-аут, Зверев ја искористи ситуацијата, го однесе сетот во тај-брејк и ја намали предноста на Алкарас.
Иако физички исцрпен и со очигледни проблеми, Алкарас покажа неверојатна борбеност. Успеа да ги освојува сервис-гемовите и да остане во мечот, но Зверев со сигурна игра во клучните моменти израмни на 2:2 во сетови по повеќе од четири часа игра.
Во решавачкиот петти сет, Германецот прв направи брејк и стекна предност, но Алкарас не се откажа. Со последен атом од силата, Шпанецот направи пресврт и го приведе мечот кон историска победа.
Во финалето на Австралија опен, Алкарас ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.