Алексис Санчез официјално е играч на Интер

Од:

Интер го официјализира договорот за трансфер на напаѓачот Алексис Санчез, откако Манчестер јунајтед се откажа од правата на играчот, се објавува на веб-страницата на клубот од Милано.

Договорот со 31-годишниот Чилеанец се пресметува до 2023 година.

Во сезоната 2019/20, Санчез одигра 30 натпревари како позајмен играч за Интер, со четири гола и 10 асистенции на негова сметка.