ВИДЕО: 150 илјади луѓе на митингот за поддршка на Вучиќ

Од:

Митингот „Иднината на Србија“ за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ почна во 18 часот на платото пред српското Собрание. Граѓани од цела Србија, како и од Република Српска, Косово пристигнуваа уште од раните утрински часови.

Според српската полиција, на собирот има помеѓу 140 и 150 илјади луѓе. Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ во својот говор кажа дека собирот и бројноста на луѓето е порака не до опозицијата зашто таа е мала и небитна, туку до странскиот фактор за да знае дека нема попуштање за Косово и за Република Српска.