Жбогар: ЕУ може да го казни Косово ако не го формира Специјалниот суд

Од:

Европа има начини да го казни Косово доколку косовските власти наскоро не го формираат Специјалниот суд, кој би требало да ги истражува воените злосторства извршени од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК), изјави синоќа специјалниот пратеник на Унијата во Приштина, Самуел Жбогар.

Според Жбогар, што повеќе се одлага формирањето на Судот, толку повеќе му се нанесуваат штети на Косово.

Во изјава за телевизијата Клан Косова, Жбогар нагласи дека сите процедури околу основањето на Специјалниот суд се завршени и сега останува уште само Косово да каже официјално „да“ за формирање на оваа институција.

– Време е да се донесе одлука за (формирање на) Специјалниот суд. Уставните амандмани се во Собранието и законот е готов, па затоа не гледаме причина за одлагање на гласањето во Парламнетот, истакна словенечкиот дипломат.